Се „крчка“ трампа: Реал го сака Џејмс, Челси заинтересиран за Азар

Еден Азар не се прослави во таборот на Реал Мадрид по трансферот од Челси, а со оглед дека Килијан Мбапе следното лето ќе биде новата ѕвезда на „кралевите“, Белгиецот ќе биде вишок. Флорентино Перез веќе крои трансфер-планови, а по инсистирање на тренерот Карло Анчелоти една од примарните цели на шпанскиот гигант ќе биде Рис Џејмс од Челси.

Десниот бек блеска во редовите на „сините“ и би бил идеална замена за Дани Карвахал, кој во последно време е често повреден и е далеку од старата форма.

Според медиумите од Англија, Азар би бил вклучен во потенцијалниот трансфер за Џејмс, но засега не е јасно дали кај Челси има расположение за ваква зделка.

Се вчитува...