„Се надевам дека Џерард и Вила можат да ни направат услуга“

Титулата во Премиерлигата ќе биде одличена во последното коло кое е во етерот денеска од 17 часот, но за да стигне до истата покрај победа во натпреварот против Вулверхемптон на Ливерпул ќе му биде потребно Манчестер Сити да киксне во средбата против Астон Вила.

Капитенот на „црвените“, Џордан Хендерсон се надева дека легендата на Луверпул, Стивен Џерард кој во моментот е тренер на Астон Вила ќе најде решение да го сопре Манчестер Сити.

„Тешко е. Истата ситуација ја имавме и во минатото кога Сити играше со Брајтон на гостински терен и на крајот славеше со бод повеќе од нас. Помнам дека публиката на „Енфилд“ навиваше и реагираше на резултатите, и во тој момент знаете што се случува додека сте на теренот и во тие моменти е тешко да се концентирате на играта. Се надеваме дека имаме искуство и може да се потпреме на него, да се сконцентрираме на тоа што треба да го направиме. Мораме да го победиме Вулверхемптон и да се надеваме дека Џерард и Астон вила можат да ни направат услуга“, вели Хендерсон.

Се вчитува...