„Казнете го Кристијано, мојот син и ден денес има траума од него“

Мајката на Џејкоб Хардинг, Сара Кели, аутистичниот тинејџер на кого Роналдо му го скрши телефонот после поразот од Евертон минатата сезона во Премиер лигата, бара казна за Португалецот.

Фудбалската асоцијација дури минатата недела отвори постапка, иако случајот е од пред шест месеци.

„Се надевам дека конечно ќе биде казнет. Не сакам да се извлече толку лесно, неговото однесување беше неприфатливо. Мојот син секој ден зборува за тоа. Дури не си го доби назад ни својот телефон“, изјави Сара Кели.

Роналдо јавно изрази жалење поради се што се случи, а сега се чека одлуката на Фудбалската асоцијација на Англија.

Се вчитува...