Се ниша клупата на Бенитез во Евертон, има четири порази на последните шест меча

Иднината на Рафаел Бенитез во Евертон останува неизвесна, откако тимот влезе во криза по вчерашниот пораз од Вулверхемптон.

Со тоа тимот предводен од Шпанецот загуби на четири меча во последните шест, а дел од фановите скандираа против менаџерот, и побараа негова смена од клупата.

Евертон последен пат победил во Премиер лигата на 25 септември кога го совлада Норич, и од тогаш чека на триумф.

Во моментов тимот е на 10. место, а следен меч е дуелот со Тотенхем.

Се вчитува...