Се обесил по елиминацијата на Аргентина од СП

Елиминацијата на фудбалската репрезентација на Аргентина во осминафиналето на Светското првенство во Русија беше кобна за еден голем фан на Лионел Меси во Бангладеш. Тој потегнал по својот живот откако „гаучосите“ доживеаја пораз од Франција (4-3) на стартот од нокаут фазата на Мундијалот.

Момчето Моноташ Халдер (20), како што истакнале членовите на неговото семејство, почнало хистерично да плаче по поразот на Аргентина и се затворило во својата соба. Следното утро тие го пронашле мртов, а полицијаат во Хабипур соопшти дека Моноташ Халдер се обесил.

 

Се вчитува...