Се одложува мечот на младите поради целосно замрзнат терен на Фарските острови!?

Квалификацискиот натпревар на младата репрезентација на Македонија против Фарските острови кој треба да се игра утре на островот би можел да биде одложен поради лоши временски услови и целосно замрзнат терен на стадионот во Торсволур, каде треба да се игра дуелот. Дали ќе се игра или ќе биде одложен натпреварот ќе одлучи делегатот на УЕФА на утрешната инспеција од 10 часот.

„Утре во 10 часот, судиите и делегатот ќе извршат инспекција на теренот и на официјалниот состанок ќе информираат дали ќе се игра натпреварот Фарски Острови – Македонија или ќе биде одложен“ – информираат од Фудбалската федерација на Македонија.

Младата репрезентација под водство на Благоја Милевски попладнево имаше тренинг кој траеше околу 40 минути на мал дел од теренот (инаку со вештачка подлога) кој не беше многу замрзнат. Но, сето тоа беше само гола импровизација кога се работи за натпревари од ваков ранг.

Се вчитува...