Се одложува стартот на сезоната во Втората лига

Комисијата за натпреварување при ФФМ донесе одлука со која се одложуваат натпреварите од првото коло на Втората македонска фудбалска лига.

„Комисијата за натпреварување дополнително ќе го одреди терминот за одигрување на одложените натпреварите од првото коло во ВМФЛ“ – информираат од ФФМ.

Сезоната во второлигашката конкуренција, која сега ќе биде единствена со 16 клуба, требаше да стартува престојниов викенд. Но, терминот сега дополнително ќе биде одреден.

Се вчитува...