Се огласи Будуќност: Не гаѓаа со сите можни тврди предмети, играчите беа нападнати

Екипата на Будуќност и натаму не излегува од соблекувалната и не го почнува петтиот натпревар од финалната серија во АБА лигата со Црвена Звезда во Белград. Црногорскиот тим експресно се огласи со соопштение во кое објаснува низ што поминале играчите на бранителот на трофејот кога се појавиле на теренот.

„Кога нашите играчи почнаа да излегуваат од тунелот почна тотална хистерија и гаѓање со сите можни тврди предмети. Метални пари, батерии за телефон, полни шишиња, делови од метли, запалки, столови. Околу 40 навивачи влегоа на терен и дојдоа кај клупата на Будуќност. Ги плукаа и физички ги нападнаа играчите. Нападнати беа Норис Кол, Ерл Кларк, Немања Гордиќ. Гордиќ беше гаѓан со столица која ја фрли навивач од партерот“ – стои во соопштението од Будуќност.

Во моментов се празнат делови од салата, особено околу клупата на гостинскиот тим. И натаму не е познато кога би почнала мајсторката за титулата.

 

 

 

Се вчитува...