Се огласи фудбалерот што за малку предвреме ќе го „пензионираше“ Меси: Немам зборови за она што се случи

Венецуелскиот интернационалец Адријан Мартинез имаше брутален старт над Лионел Меси на натпреварот против Аргентина. Мартинез стартуваше жестоко на ногата на аргентинската ѕвезда, а Лео само со голема среќа избегна скршеница на ногата и сериозна повреда.

Дефанзивецот на Венецуела доби директен црвен картон, а откако доби жестоки критики за тоа што го направи, одлучи да им се извини на соиграчите и фановите.

Тој посочи дека воопшто немал намера да го повреди еден од најдобрите фудбалери во светот.

„Немам зборови за она што се случи. Сите што ме познаваат знаат многу добро дека никогаш не би го загрозил здравјето на било кој мој колегата. Сакам да се извинам од срце на целиот тим. Ја сакам својата земја и ја преземам целосната одговорност”, заклучи Мартинез.

Се вчитува...