Денес имаше средба помеѓу агентите на Пауло Дибала и раководството на Јувентус, после која стана јасно дека Аргентинецот заминува на крајот на сезоната.
Јувентус одлучи да не му понуди нов договор и Дибала на крајот на сезоната ќе замине како слободен агент.
Директорот на „бјанконерите“ Маурицио Аривабене изјави дека со доаѓањето на Влаховиќ се промениле плановите околу Дибала.
„Одлуката е донесена откако за неа размислувавме долго. Она што сакам да го порачам е дека менаџментот на Јувентус носи одлуки во корист на Јувентус, а не против клубот. Пристигнувањето на Влаховиќ значеше и промена на целиот проект на клубот, Пауло веќе не е централна фигура. Тоа делумно значеше и промени во однос на статусот на Дибала, па денеска не го продолживме договорот“, изјави директорот на Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА