Се огласи шпанскиот клуб по второто колабирање на Гудељ: „Ќе биде под посебен режим“

Фудбалерот на Кордоба, Драгиша Гудељ вторпат во краток временски период се сруши на теренот, и после интервенцијата на лекарите е префрлен во болница каде што му се направени дополнителни прегледи.

Гудељ пред неколку месеци колабираше на терен, по што во болница му беше вграден дефибрилатор. Сега ситуацијата е далеку подобра од првииот пат, а се огласија и од неговиот клуб.

„Ја известуваме јавноста дека Драгиша Гудељ ќе тренира под посебен режим. Медицинските служби потврдија дека  се онесвестил во текот на натпреварот со Мелила, но сега се наоѓа во добра состојба. Уште еднаш сакаме да се заблагодариме на соработката и почитта кон сите, поради нивната љубо кои ја пружија на нашиот фудбалер. Во името на Драгиша Гудељ, ви благодариме од срце“, стои во соопштението,

Се вчитува...