Се подготвува голема размена меѓу Јувентус и Милан

Откако минатото лето договори размена на играч со Барселона, Јувентус во следниот преоден рок би можел истото да го направи и со Милан.

Јувентус и Милан планираат размена на Федерико Бернардески и Алесио Ромањоли. И двајцата сезонава се во немилост на навивачите, а договорите им траат до крајот на следната сезона.

Ромањоли, иако капитен на Милан, го загуби местото во првите 11, затоа што тренерот Стефано Пиоли смета дека е пребавен за формацијата од 4-2-3-1. Од друга страна Јувентус бара стопер затоа што е извесно дека на крајот од сезоната клубот ќе го напушти капитенот Џорџо Кјелини.

Бернардески кај Андреа Пирло во Јувентус смени неколку позиции и не блескаше на ниту една. Во Милан би можел да биде еден од клучните играчи во офанзивниот дел. Во 36 настапи сезонава не постигна ниту еден гол, запишувајќи само три асистенции.

Се вчитува...