Шефилд Јунајтед донесе одлука да се раздели со својот менаџер Пол Хекингботом, и тоа ќе се случи денеска. Ова ќе биде првата тренерска смена во Премиерлигата во оваа сезона.
Ваквиот потег на клупското раководство не е изненадувачки, со оглед дека тимот е на дното на табелата и една победа по првите 14 кола во англиската „елита“. Тешкиот пораз од 5-0 од Барнли, ќе биде капката која ја прели чашата.
Шефилд беше предводен од Хекингботом во март 2021 година, и во оваа година успеа да обезбеди директна промоција во Премиерлигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА