Се подготвува револуција во скок во далечина

Врховното тело на светската атлетика има намера да воведе вистинска револуционерна промена во дисциплината скок во далечина.

Ова тело има намера да ја воведе една од најреволуционерните промени во историјата на атлетиката. А тоа е да се исфрли даската за отскок. Наместо тоа, би се нашло поле кое би било многу пошироко. На овој начин, желбата е да се постигне да нема скокови кои не се бројат, бидејќи веројатноста за престап секогаш е голема.

Светската атлетика сака да ја избегне ситуацијата на неодамнешното Светско првенство каде дури една третина од скоковите беа неважечки поради престапување. Идејата е оваа можност да се тестира веќе оваа година на некои помали натпревари, а од 2026 година ќе биде почеста и на најголемите.

Се вчитува...