Се повреди уште еден важен играч на Атлетико Мадрид

Главоболките што Диего Симеоне ги имаше поради повредите на неколку клучни првотимци дополнително се зголемија откако и Антоан Гризман се приклучи на „болницата“ во Атлетико Мадрид.

Францускиот ас настрада при еден дуел со Дани Карвахал на мадридското дерби со Реал Мадрид, а деталните прегледи покажале истегнување на мускулот по кој се препорачува пауза од најмалку две седмици. Ова значи дека Гризман ќе го пропушти дербито со Севилја во следното коло,какде и наредниот меч против Гранада закажан за 22 декември.

Овие две средби ќе ги прошуштат и дефанзивците Савиќ, Врсаљко и Хименез, а неизвесен е настапот на Коке, кој денеска не тренираше со остатокот на тимот.

Се вчитува...