Се прогласи себе си за најдобар играч во Премиерлигата, а сега заврши во затвори поради сексуален напад

Фудбалерот на Брајтон, Ив Босума кој пред неполн месец се прогласи себе си за најдобриот играч од средниот ред во Премиерлигата сега заврши во затвор поради наводен сексуален напад. Полицијата го упасила Босума и неговиот 40. годишен пријател изминатата вечер во еден ноќен клуб по пријава на вработен во истот.

Официјалните власти не го изведоа неговото име во јавноста меѓутоа репортерите на ‘The Sun’ излегоа со снимка од апсењето, кое покрај овој медиум го потврдија и неколку други извори на „Островот“. По целата ситуација се огласи и клубот кој не го откри името на фудбалерот, но соопшти дека нивни играч соработува со полиција во истрага.

Малиецот е еден од најбараните играчи во Премиерлигата, а за неговите услиги се заинтересирани гигантите Манчестер Јунајтед, Арсенал и Ливерпул.

Се вчитува...