Се раскараа арапските богаташи: Насер Ал-Келаифи бара да не му се продава Њукасл на саудискиот принц Мохамед Бин Салман

Најголемиот телевизиски партнер на Премиер-лигата надвор од Велика Британија катарскиот „Беин спортс“ е најголем противник на преземањето на Њукасл од Саудискиот инвестициски фонд кој е директно финансиран од принцот на оваа држава, Мохамед Бин Салман. Спортската телевизиска мрежа е во сопственост на катарскиот бизнисмен Насер Ал -Келаифи, познат на европската јавност како сопственик на Пари Сен Жермен.

„Беин спортс“ во писмо до Премиер-лигата и до сите 20 клубови бара да биде блокирано преземањето на Њукасл затоа што Саудискиот инвестициски фонд доаѓа од држава која поддржува пиратско прикажување на натпреварите од англискиот фудбал. Всушност и Премиер-лигата се обидуваше да поведе судски спор со „Арабсат“, телевизијата која пиратира натпревари од англиското првенство, а е во комплетна сопственост на Саудиска Арабија.

Според најавите, сопственикот на Њукасл, Мајк Ешли, го договорил преземањето вредно 300 милиони фунти. Против ова покрај „Беин спортс“ се огласи и организацијата за човекови права „Амнести интернешенал“ која е во долгогодишна војна со Саудиска Арабија поради кршењето на човековите права во државата.

Се вчитува...