Се распаѓа трофејната генерација на Фенербахче: И Слоукас се збогуваше

Трофејната генерација на Фенербахче полека се распаѓа. По заминувањето на тренерот Жељко Обрадовиќ како и на Џиџи Датоме кој се пресели во милански Армани, турскиот гигант се раздели и со грчкиот плејмејкер Костас Слоукас.

Слоукас во 2015 година пристигна во Фенер и тоа од Олимпијакос. Во овие два клуба ја мина целата своја досегашна кариера, а сега го чека нов предизвик кај старата љубов.

И покрај тоа што беше желба на голем број клубови од Европа, 30-годишниот Слоукас се враќа во Олимпијакос.

Се вчитува...