Арсенал конечно покажа знаци на живот, излегувајќи од големата резултатска криза со убедлива победа од 3-1 на градското дерби против Челси. Артета е соочи со големи проблеми, пред мечот остана без помошта на Обамејанг, Габриел, Давид Луиз и на Вилијан, но и со крајно ослабен состав му одржа лекција на Френк Лампард.
Челси ја имаше првата шанса, но слободниот удар на Маунт заврши само во дирекот. Арсенал фуриозно го заврши првото полувреме, најпрвин Лаказет погоди од пенал по стартот на Џејмс над Тирни, пред Џака со еврогол да зголеми на 0-2. „Сините“ се отворија во второто полувреме, но примија и трет гол откако Сака извонредно ја смести топката во горниот агол од голот на Менди.
Челси пред крајот намали на 3-1 прееку Абрахам, „сините“ во судиското продолжение имаа шанса и за втор гол, но Лено го одбрани пеналот на Жоргињо во 91. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА