Се разбуди Хакими, Интер ја среди Болоња

Ашраф Хакими беше во главна улога при вечерашниот триумф што Интер го забележа на домашен терен против Болоња (3-1). Десниот бек беше критикуван бидејќи на стартот од сезонава не ги оправда очекувањата на стручниот штаб и навивачите, но екс-фудбалерот на Борусија Дортмунд со денешното издание најави враќање во топ-форма.

Ромелу Лукаку го отвори резултатот во првото полувреме, а непосредно пред последниот судиски свиреж Хакими зголеми на 2-0. Гостите намалија на 2-1, но повторно на сцена стапи Хакими, кој со својот втор гол (и двата постигнати со левата нога) не дозволи изненадување на оваа средба.

 

Се вчитува...