Се разбуди Роналдо, триумф на Пандев и Џенова

Јувентус ја продолжи серијата победи, но уште поважни од трите бода за „старата дама“ се првите голови на Кристијано Роналдо, кој беше двоен стрелец во триумфот од 2-1 над Сасуоло. Португалецот беше без погодок на првите три средби во дресот на Јуве, но попладнево постигна два брзи погодоци во второто полувреме, за водство на својот тим од 2-0. Роналдо потоа промаши две одлични шанси за хет-трик, пред Бабакар во 91. минута да ги постави конечните 2-1.

Горан Пандев и Џенова ја забележаа втората победа сезонава, повторно на домашен терен, славејќи над Болоња со 1-0. Македонскиот ас беше стартер и остана на теренот до 62. минута, а Џенова победничкиот погодок го постигна седум минути подоцна преку Пиатек.

Резултати Италија:

Рома – Киево 2-2, Јувентус – Сасуоло 2-1, Џенова – Болоња 1-0, Удинезе – Торино 1-1.

Се вчитува...