Се раздвижува и „Енфилд“: Диого Хота следна цел на Јирген Клоп

Англискиот првак Ливерпул тргна во трансферна офанзива. По ангажманот на одличниот играч за врска на Баерн Минхен, Тијаго Алкантара, менаџерот Јирген Клоп сака да доведе уште еден крилен фудбалер. Негов избор е Диого Хота, крилниот напаѓач на Вулверхемптон.

Португалскиот интернационалец веќе три сезони е член на „волците“, а особено квалитетно ја одигра минатата сезона кога и го привлече вниманието на Јирген Клоп. Тој инсистира Диого Хота да пристигне на „Енфилд Роуд“ и подготвен е да плати 35 милиони фунти, колку што бара Вулверхемптон за реализација на трансферот.

Менаџерот на Вулвс, Нуно Еспирито Санто, не го вклучи Диого Хота во составот на мечот од Лига-купот што само ги засили шпекулациите дека тој набрзо ќе потпише за Ливерпул.

Се вчитува...