Се разигра Гризман, „петарда“ од Барса за Бетис

Барселона стигна до првата победа сезона во Ла Лига, славејќи во 2. коло со убедливи 5-2 против Бетис.

Гостите први дојдоа до предност на натпреварот преку Фекир во 15. минута, но тоа само ги налути Каталонците кои потоа сервираа пет погодоци. Гризман израмни во 41. минута, а истиот фудбалер зголеми на 2-1 во 49. минута. Во вториот дел за Барселона погодија и Карлос Перез, Алба и Видал.

Каталонскиот тим по првите две кола сега има три бода, откако на стартот загуби од Атлетик со 1-0.

Се вчитува...