Се разигра „Старата дама“: И Сампдорија падна… (ВИДЕО)

Јувентус ја запиша и третата победа во низа во Серија А, по која веќе се доближи бодовно до водечката тројка на врвот од италијанскиот шампионат.

„Старата дама“ денеска славеше со 1-3 на гостувањето против Сампдорија во меч кој беше решен уште во првото полувреме откако поведе со 0-2 веќе по половина час игра, со автоголот на Јошида во 23. минута и голот на Мората во 34. минута.

Во второто полувреме, Кандрева во 74. минута промаши пенал за домашните, за да потоа Сабири во 84. минута намали на 1-2, но Мората во 88. минута со својот втор гол ги постави конечните 1-3.

Се вчитува...