Се редат проблемите за Тен Хаг: Нова повреда на клучен фудбалер

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг се соочува со огромни проблеми на почетокот на новата сезона. Покрај катастрофалните резултати Холанѓанецот не може да смета на неколку клучни фудбалери, а листата дополнително се зголеми со името на Арон Ван-Бисака.

Бекот натпреварот против Брајтон го започна од клупата и доби шанса во 85. минута, но и малото време кое го помина на теренот беше доволно за да се пожали на повреда на бутниот мускул поради која ќе отсуствува од теренот во следните два месеци.

Тоа значи дека Манчестер Јунајтед на бековските позиции останува со само два првотимци, позајмениот Серхио Регилон и Диого Далот.

Се вчитува...