Се редат заминувања: По Погба и Лингард, од „Олд Трафорд“ си замина и Мата (ФОТО)

Хуан Мата во следната сезона нема да го носи дресот на Манчестер Јунајтед, потврди клубот. Шпанецот беше дел од „црвените ѓаволи“ од 2014 година, а во „црвениот“ дрес одигра 285 натпревари и освои четири трофеи.

Играчот од средниот ред во кариерата беше дел и од младинската школа на Реал Мадрид, а со успех го носеше и дресот на Валенсија и Челси. Која ќе биде следната дестинација на 34-годишникот останува да видиме, засега не се споменува пензија и премин во тренерските води.

Претходно клубот како слободени фудбалери го напуштија Пол Погба и Џеси Лингард.

Се вчитува...