Се што треба да знаете за големото финале…

Дојде и тој ден, по нешто повеќе од еден месец мундијалски возбудувања денеска ќе биде познато името на репрезентацијата што во наредните четири години ќе го носи епитетот светски фудбалски владетел. Франција по загубеното финале на ЕВРО 2016 овојпат се надева на хепиенд на последниот ден, додека Хрватите сонуваат нивната бајка да заврши на најдобар можен начин – за светска титула за оваа мала држава со големи фудбалски мајстори.

Во пресрет на денешниот натпревар (17 часот), еве неколку интересни податоци во пресрет на битката за големиот трофеј.

– Финалето ќе се игра на стадионоот „Лужники“ во Москва, отворен во 1956 година со капацитет од 80.000 седишта. На него се одржаа натпреварувања на ОИ во 1980 година, а се играше и финалето од Лигата на шампионите во 2008 година, кога Манчестер јунајтед на пенали го победи Челси.

– Францускиот селектор Дидие Дешамп важи и за играчка легенда на „триколорите“, откако беше капитен ан шампионската генерација од 1997 година. И Златко Далиќ како и Дешамп како фудбалер настапуваше како последен играч за врска, но никогаш не беше повикан во националниот тим. Тој претходно има работено како помошен тренер во селекцијата до 21 година, а пред да стане селектор во 2017 година беше стратег на Ал Аин во Обединетите Арапски Емирати.

– Хрватска досега нема победа на дуелите со Франција, „триколорите“ три пати се радувале, а два меча завршиле без победник. Последниот нивни дуел се одигра на 29 март 2011 година, а заврши со резултат 0-0.

– Историјата на двата финалисти се поврзува со 1998 година, кога Франција стигна до единствената титула, додека Хрватска играше полуфинале, пласман што до овој Мундијал беше најдобар во историјата на „коцкестите“. Тогаш Франција и Хрватска се сретнаа во полуфиналето, меч во кој Французите славеа со 2-1 со головите на Лилијан Турам.

– Последното Светско Првенство во Бразил беше разочарувачко и за двете селекции, Хрватите испаднаа уште во групната фаза по поразите од Бразил и од Мексико, додека Франција беше елиминирана во четвртфиналето, со поразот од 0-1 од Германија.

– Хрватска досега постигна 12 гола на Мундијалот, наспроти десет на Франција. „Триколорите“ имаат нешто подобра одбрана со чеетири примени гола, еден помалку од „коцкестите“. На досегашните натпревари Хрватите упатиле дури 100 шутеви кон противничкиот гол, дури 25 повеќе од Французите. Кога станува збор за шутевите во рамки на голот разликата е помала, Хрватска има 26, наспроти 24 на Франција. „Коцкестите“ имаат комплетирано вкупно 2757 додавања, наспроти 2331 на Французите, што е логично со оглед на фактот дека Хрватска играа по дополнителни 30 минути на трите средби во нокаут-фазата.

– Килијан Мбапе и Антоан Гризман се најдобри стрелци на Франција со по три гола, додека кај Хрватска со по два погодоци најефикасни се Манџукиќ, Перишиќ и Модриќ.

– Најмногу удари кон противничкиот гол од финалистите има упатено Иван Перишиќ (20), еден повеќе од Гризман. Зад нив со по 14 шутеви се наоѓаат Жиру и Ракитиќ.

– Најмногу успешни додавања има Лука Модриќ (368), пред Нголо Канте со 317, Иван Ракитиќ со 309, зад кого следат дефанзивците Варан со 276 и Ловрен со 275.

Се вчитува...