Се скара со Мурињо и веднаш си замина од Тотенхем

Само една караница со Жозе Мурињо беше доволна за Дени Роуз да си замине од Тотенхем откако левиот бек денеска ја комплетираше позајмицата во таборот на Њукасл.

Поранешниот англиски репрезентативец беше незадоволен од минутажата по доаѓањето на „специјалниот“ на чело на лондонскиот клуб, а атмосферата дополнително ја наруши влегувајќи во отворен конфликт со Мурињо откако Португалецот изјавил дека Роуз не е подготвен за настап на еден од последните натпревари на „спарси“.

Во период кога се повеќе фудбалери на Тотенхем почнаа да го креваат гласот против трофејниот стручњак, тој реши токму со заминувањето на Роуз да се обиде да ја подобри атмосферата во соблекувалната. Останува да се види колку ќе успее во тоа, бидејќи „спарси“ ги очекува тешка битка за четвртото место и влез во Лигата на шампионите.

Се вчитува...