Се враќа прволигашкиот фудбал на сцена: „Пандевци“ по „скалпот“ и на Ренова

Лидерот на првенствената табела во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Академија Пандев со денешниот натпревар против Ренова од 15 часот во Струмица го отвора 5. коло од шампионатот.

Прволигашкиот фудбал повторно се враќа на сцена по двонеделната пауза поради репрезентативните активности, и тоа веднаш со дерби пресметката меѓу Академија Пандев и Ренова. „Пандевци“, кои заедно со Македонија ЃП се единствените две непоразени екипи по четири кола, без сомнение атакуваат на нова победа со која ќе ја задржат челната позиција на табелата.

Но, и Ренова одлично ја почна сезоната извлекувајќи седум бода од четири кола, што дефинитивно најавува дека „гипсарите“ и тоа како планираат позитивен резултат од Струмица.

ПРВА ЛИГА – 5. КОЛО (денеска, 15 ч.)

Струмица: АК. ПАНДЕВ – РЕНОВА

УТРЕ (15:30 ч.)

Скопје: ВАРДАР – СТРУГА ТЛ

Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ

Скопје: ШКУПИ – СИЛЕКС

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – БОРЕЦ

Се вчитува...