Се врати Формула 1: Мерцедес доминантен во квалификациите, Ферари катастрофален

На патеката „Ред бул ринг“ се одржаа првите квалификациите во новата сезона од Формула 1 за утрешната Голема награда на Австрија.

И, како и претходната сезона, Мерцедес по навика ги зазеде првите две позиции. Валтери Ботас ја освои пол-позицијата пред Луис Хамилтон. Трет е возачот на Ред бул, Макс Ферстапен.

Во топ 10 уште се и Ландо Норис, Александер Албон, Серџо Перез, Шарл Леклер, Карлос Саинц, Ленс Строл и Даниеле Рикиардо.

Ферари доживеа комплетна катастрофа. Леклер во квалификациите заврши на седмото место, додека Себастијан Фетел не успеа воопшто да се впушти во третата рунда, па утре ќе стартува од 11-та позиција.

Се вчитува...