Се врати Седло па чаирчани се разиграа, Струга ТЛ ита кон седма победа (ВИДЕО)

Се врати Гоце Седлоски на клупата на Шкупи, па чаирчани максимално се разиграа во домашниот фудбал. По само 45 минути во 7. коло од ПМФЛ, Шкупи води со убедливи 4-0 против Работнички.

По само пет минути игра Шкупи дојде до предност од 1-0 против „романтичарите“.

По нафрлувањето од левата страна од слободен удар, уште во 5. минута Маргвелашвили реагираше одлично, а судиите оценија дека нема офсајд позиција.

Во 9. минута Работнички остана и со играч помалку по исклучувањето на Исмаили.

Па, со играч повеќе Шкупи во 28. минута со голот на Цефас дојде до предност и од 2-0.

Веќе во 38. минута нова убава акција и гол на Ѓоргиев во 38. минута, а во 40. минута и Куевен се запиша во листата на стрелците за убедливи 4-0.


Струга ТЛ ита кон седмата победа во исто толку натпревари сезонава, откако со голот на Малески во 33. минута дојде до предност од 1-0 против Скопје.

Во Кавадарци, Тиквеш има предност од 2-1 против Академија Пандев на чија клупа се врати Александар Васоски. Домашните поведоа со головите на Нгоба и Ивановски, а Академија Пандев израмни од пенал во 37. минута.

ПМФЛ – 7. КОЛО (прво полувреме)
Прилеп: ПОБЕДА – БРЕГАЛНИЦА 0-0
Струга: СТРУГА ТЛ – СКОПЈЕ 1-0
Малески 33′
Квадараци: ТИКВЕШ – АК. ПАНДЕВ 2-1
Нгоба 13′, Ивановски 25′ – Митровски 37′ (п)
Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 4-0
Маргвелашвили 5′, Цефас 28′, Ѓоргиев 38′, Куевен 40′
Шкендија е слободна
ВЧЕРА
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 0-1

Се вчитува...