Се за пари: Ајзеа Томас сака да се смири со Џордан – на национална телевизија!

Кој вели дека непријателствата трајат вечно? Големите ривали од 80-тите, Ајзеа Томас и Мајкл Џордан по триесетина години непријателство конечно би можеле да да седнат на заедничка маса и да ги смират страстите, и тоа на национална телевизија, секако за пари.

„За што би збореле? Не знам. Јас не се плашам од никого. Би седнал и би зборел со секој кој што бил околу мене. Јас не сум тој кој шета со страв.“ – одговори Томас на прашање дали би седнал на заедничка маса со Џордан за голема сума на пари.

За Ајзеа Томас ова не би бил прв ваков „дуел“. Во 2017-та година членот на „лошите момци“ од Детроит седна на заедничка маса со Меџик Џонсон, а истиот беше пренесуван на ЕСПН.

Се вчитува...