Се зголемува конкуренцијата на Елмас: Наполи тргна по Јапонецот од Ајнтрахт

Екипата на Наполи се подготвува да ангажира неколку играчи престојното лето, со кои следната сезона ќе оди на одбрана на титулата, како и на успех во Лигата на шампионите. Токму од тука новиот италијански првак веќе почнал преговори со играчот на Ајнтрахт Франкфурт, Даичи Камада.

Камада на лето ќе биде слободен агент, откако беше обелоденето дека нема да го продолжи договорот со тимот. Така што Наполи може да добие добар играч и тоа сосема бесплатно.

Ангажман на Камада, ќе значи и уште поголема конкуренција за Елиф Елмас во средниот ред на теренот. Јапонецот беше поврзуван и со трансфер во Борусија Дортмунд и неколку премиерлигаши, но никој не сакаше да го ангажира поради неговите барања кои беа високи за екипите.

Се вчитува...