Арсенал побрз од Тотенхем во трката за Себалјос

Младиот шпански фудбалер, Дани Себалјос е близу до премин во премиерлигашот Арсенал. Тренерот на „топчиите“ Унаи Емери е голем фан на играта на младиот фудбалер и успеал да го убеди Себалјос да пристигне во Арсенал наместо во градскиот ривал Тотенхем. Тој ќе замине во Лондон на едногодишна позајмица, откако Зинедин Зидан се сложил со таа одлука, по враќањето во кампот на тимот во Канада по смртта на неговиот брат.

Себалјос во моментов е на одмор по освојувањето на трофејот на Европското првенство до 21 година на кое беше избран за најкорисен фудбалер. Тој во тимот треба да се врати на 22. јули од каде веднаш ќе биде испратен на позајмица во Арсенал.

Шпанецот ќе биде големо засилување за средниот ред на „топчиите“, кои летово останаа без помошта на Арон Рамзи.

Се вчитува...