Себичност: Зошто Меси не му додава на Гризман?

Лионел Меси постигнува врвни голови, но уште повеќе импресионира кога ќе успее од невозможна ситуација да пронајде соиграч и да му асистира за лесен погодок. Кога ќе сака да стори такво нешто.

Бидејќи кога крај себе го има Антоан Гризман, ситуацијата е сосема спротивна, Меси игра најсебично што може, настојувајќи излудувајќи го најскапото летно засилување како што тоа беше случај на вчерашниот меч со Славија Прага. Аргентинецот тргна во контранапад и се приближи до работ на шеснаесетникот, имаше тројца фудбалери околу себе, а Гризман втрчуваше сам од левата страна… И наместо да додаде за лесна реализација, Меси шутна и го затресе дирекот, а шансата што се покажа како најубава до крајот на мечот отиде во неврат.

Бројките само го потврдуваат тоа, во меч во кој каталонскиот гигант имаше огромна предност во поседот на топката, двајцата напаѓачи си додале вкупно четири пати. Од нив, Меси трипати го проиграл Гризман, додека Французинот само еднаш ја упатил топката до капитенот на Барселона.

Валверде дефинитивно има проблем, а во ситуација кога Луис Суарез е повреден, двајцата голгетери ќе мора да соработуваат за доброто на тимот. Или сепак личното его ќе им биде поважно од колективот.

Се вчитува...