Седло се врати со „петарда“, Васоски со пораз во Кавадарци, а Струга ТЛ „дрма“ и со седма победа (ВИДЕО)

ПМФЛ – 7. КОЛО 
Прилеп: ПОБЕДА – БРЕГАЛНИЦА 1-0
Спиркоски 69′
Струга: СТРУГА ТЛ – СКОПЈЕ 3-0
Малески 33′, Ибраими 52′, Шабани 71′
Квадараци: ТИКВЕШ – АК. ПАНДЕВ 2-1
Нгоба 13′, Ивановски 25′ – Митревски 37′(п)
Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 5-0
Маргвелашвили 5′, Цефас 28′, Ѓоргиев 38′, Куевен 40′, Алварез 78′
Шкендија е слободна
ВЧЕРА
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 0-1

Се врати Гоце Седлоски на клупата на Шкупи, па чаирчани се вратија со сета своја моќ во домашниот фудбал. Во 7. коло од ПМФЛ, Шкупи убедливо со 5-0 славеше против Работнички, во колото кое повторно е одбележано од Струга ТЛ која стигна и до седмата победа во исто толку натпревари.

Неверојатен старт на сезоната за Струга ТЛ која дојде до триумф од 3-0 против Скопје во седмото коло од шампионатот.

Струга ТЛ до предност дојде уште во првото полувреме со голот на Малески во 33. минута.

Потоа во второто полувреме Бесарт Ибраими погоди во 52. минута за водство од 2-0 иако се чини од очигледна офсајд-позиција, а во 71. минута Шабани постигна убав погодок за 3-0.


Шкупи, пак, триумфот го најави со четири гола уште во првиот дел. Чаирчани дојдоа до предност од 1-0 против „романтичарите“ уште во 5. минута кога Маргвелашвили реагираше одлично, а судиите оценија дека нема офсајд позиција.

Во 9. минута Работнички остана и со играч помалку по исклучувањето на Исмаили.

Па, со играч повеќе Шкупи во 28. минута со голот на Цефас дојде до предност и од 2-0.

Веќе во 38. минута нова убава акција и гол на Ѓоргиев во 38. минута, а во 40. минута и Куевен се запиша во листата на стрелците за убедливи 4-0.


Во второто полувреме, Алварез во 78. минута заокружи за конечни 5-0.

Во Кавадарци, Тиквеш дојде до победа од 2-1 против Академија Пандев на чија клупа се врати Александар Васоски. Домашните поведоа со головите на Нгоба и Ивановски, а Академија Пандев израмни од пенал во 37. минута.

Победа дојде до првиот триумф сезонава славејќи со 1-0 против штипска Брегалница. Иако штипјани беа подобар тим на теренот, со поголем офанзивен атак, сепак по една грешка во одбраната на гостите Победа дојде до победата со голот на Бојан Спиркоски во 69. минута од средбата.


ПМФЛ – 7. КОЛО
Прилеп: ПОБЕДА – БРЕГАЛНИЦА 1-0
Спиркоски 69′
Струга: СТРУГА ТЛ – СКОПЈЕ 3-0
Малески 33′, Ибраими 52′, Шабани 71′
Квадараци: ТИКВЕШ – АК. ПАНДЕВ 2-1
Нгоба 13′, Ивановски 25′ – Митревски 37′(п)
Скопје: ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 5-0
Маргвелашвили 5′, Цефас 28′, Ѓоргиев 38′, Куевен 40′, Алварез 78′
Шкендија е слободна
ВЧЕРА
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС 0-1

Се вчитува...