Седлоски: Нема лутење, Миовски нема минутажа, другите четворица напаѓачи се стандардни во своите клубови

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски го објави списокот на фудбалери за последните два натпревари кои „црвено-жолтите“ ќе ги одиграат во Б сегментот Лигата на нации каде за противници ќе ги имаме Шкотска и Словенија.

Прво на 13. ноември ќе и гостуваме на Шкотска, а три дена подоцна ќе го завршиме настапот во Лигата во која за првпат игравме оваа сезона, но во следното издание ќе се вратиме во Ц-сегментот.

На денешната прес-конференција Седлоски …

„Игравме со Шкотска и Словенија и знаеме за какви репрезентации станува збор. Да ги поправиме грешките од тие мечеви. Барам од играчите да има моторика и дисциплина во играта. Списокот што го објавив се играчи кои имаат минутажа и затоа ги избрав овие 26 фудбалери. Миовски долго време нема минута во Ренџерс и затоа се одлучив за овие четворица. Тој не е избришан од составот но кга ќе има поголема минутажа ќе биде со нас. Нема тука лутење. И мора да се промени односот бидејќи кога ќе дојдеш тука мора да знаеш како да се однесуваш и тука сум разочаран од играчите. Доаѓаме тима да се прошетаме и да си заминеме во клубот. Нема веќе на никого да му простувам и се знае како се бориш за тој текст“, изјави Седлоски. 

Се вчитува...