Седлоски: Никого не потценуваме, но утре одиме на победа

Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски на денешната пресконференција истакна дека Шкупи е подготвен за предизвикот со Линколн Ред Импс од Гибралтар.

Седлоски потенцираше дека неговиот тим е добро подготвен за овој месец, па потенцираше дека верува во успех.

„Ја подготвувам добро екипата, да го дадеме максимумот да ги одиграме овие 90 минути ова е прво полувреме. Со победа би биле задоволни, имаме незгоден тим, доста агресивен, доста трча и знае да се брани. Ќе излеземе од прва минута како во првенството … Имаме нови 11 играчи, но костурот е задржан. Земавме играчи таму каде што ни требаа и мислам дека Шкупи ќе биде повторно силен. Треба време да се вклопат во екипата, но работевме на тоа на подготовките и се надрвам дека ќе бидат подготвени за овој предизвик“, заклучи Седлоски.

Се вчитува...