Седлоски нов тренер на Широки Бријег?

Поранешниот тренер на Вардар и на Хоризонт Турново, Гоце Седлоски, кој е единствениот македонски репрезентативец со сто настапи во националниот тим, е пред промоција за нов шеф на стручниот штаб на босанскиот клуб Широки Бријег. Тој треба да го наследи на клупата Борис Павиќ.

Седлоски имаше куса одисеја во Летонија, на кормилото на Рига, но не остана долго, а сега би можел кариерата да ја продолжи во првенството на БиХ. Широки Бријег е еден од кандидатите за шампионската титула, а Седлоски би требало да ја преземе екипата во наредните неколку дена, пред дуелот со Железничар.

 

Се вчитува...