Седлоски од Велес го почнува предизвикот наречен Шкупи

Поранешниот тренер на Вардар, Гоце Седлоски ќе го предводи еден од најлутите градски ривали на „црвено-црните“, составот на Шкупи, откако одлучи да го прифати предизвикот кој за следната сезона значи атак и на шампионската круна на чаирчани.

А, почетокот на новиот свој проект Седлоски го почнува во Велес со денешното гостување против Борец во 28. коло од Првата македонска фудбалска лига.

„Знам дека многу се инвестира во овој клуб, донесени се бројни засилувања, но искрено кажано – јас познавам само двајца-тројца од овие играчи од времето додека го водев Вардар. Овие шест меча до крајот на сезонава се добра можност за докажување, сите ќе почнат од нула, ќе добијат шанса да докажат колку вредат. Целта е на највисоко ниво да го одработиме крајот од сезонава, а потоа да почнеме со проектот што јас и управата го имаме замислено“ – изјави Седлоски по промоцијата на клупата на Шкупи.

ПРВА ЛИГА – 28. коло (денеска, 13 ч.)

Струга: СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР

Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Велес: БОРЕЦ – ШКУПИ

Струмица: БЕЛАСИЦА – ШКЕНДИЈА

Струмица: АК. ПАНДЕВ – ВАРДАР

ВЧЕРА

Тетово: РЕНОВА – СИЛЕКС 2-1

Се вчитува...