Седлоски: Ова е победа само на фудбалерите

Гоце Седлоски со победа дебитираше на клупата на Шкупи. Чаирчани славеа со 0-1 на гостувањето против Борец во Велес, по само два дена откако тимот го презеде Седлоски.

Поранешниот стратег на Вардар, по трите бода од Велес вели дека сето тоа е заслуга на фудбалерите кои демонстрирале максимален ангажман на теренот и огромна желба за победа.

„Јас работам само два дена со тимот. Се запознаваме меѓусебено и се обидувам да научам што повеќе за секој поединец. Секако прзадоволен сум со освоените три бода од Велес, но победата е исклучива заслуга само на фудбалерите. Затоа им честитам на залагањето и посветеноста на теренот во желбата за трите бода. Пред нас е секако уште многу работа“ – истакна Седлоски по денешниот дуел со велешани.

Шкупи во следното коло на домашен терен го пречекува Работнички.

Се вчитува...