Седлоски: Штета, требаше да победиме

Шкупи се задржа на второто место на табелата по денешното реми против Македонија ЃП, но тренерот Гоце Седлоски не беше задоволен од изданието на својот тим, пред се од навалната линија и од реализацијата на шансите.

Стратегот на Шкупи не го крие разочарувањето што неговиот тим не стигна до победата на скопската пресметка, со оглед на шансите што ги создадоа неговите избраници во противничкиот шеснаесетник.

„Одигравме прекрасно прво полувреме, создадовме толку многу шанси за гол, но кога ќе излезете очи в очи со голманот морате да го најдете патот до мрежата. Ќе беше полесно ако постигневме барем еден гол во тоа прво полувреме. Да бидам искрен, против себе имавме квалитетен ривал како Македонија ЃП, кој неслучајно има добар пласман на табелата. Во второто полувреме направив одредени ротации во тимот, сакав да видам на дело неколку нови фудбалери, но севкупниот впечаток ми е дека одигравме подобро од противникот и штета е што тоа издание не го крунисавме и со победа“, изјави Гоце Седлоски.

Се вчитува...