Седлоски: Со едната нога сме во следната рунда, но не очекуваат уште 90 минути во Гибралтар

Македонскиот шампион Шкупи со победа од 3-0 ги стартуваше квалификациите во Лигата на шампионите. Чаирскиот тим беше едноставно пресилен за првакот на Гибралтар Линколн, и вечерва на Националната Арена сосема заслужено славеше триумф.

Тренерот на чаирчани Гоце Седлоски по мечот изјави дека иако се со една нога во следната рунда сепак остануваат уште 90 минути тоа да се потврди.

„Честитки до играчите. Знаевме дека пред себе имаме добар противник, но моите играчи исполнија се што побарав од нив. Иако игравме со играч помалку успеавме да дадеме се од себе и можевме да постигнеме уште некој гол. Сепак, иако сме со една нога во следната рунда не очекуваат уште 90 минути во Гибралтар. Прв натпревар во Европа и затоа влеговме малку под стрес. Кога си фаворит знаеш дека противникот ќе се брани. Можеме подобро и грешките што ги правевме да ги санираме“, изјави Седлоски. 

Реваншот кој ќе се игра во Гибралтар е закажан за следниот вторник.

Се вчитува...