Седлоски: Тешко е, но не застанувам тука

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби со 0-2 од Шкотска во натпревар од 3. коло од новата сезона во Б-лигата на нации. Повторно одигравме слаб натпревар со само еден удар кон голот на противникот, кој тотално не надигра. Серијата само продолжува и Македонија сега е во низа од седум меча без гол откако селектор е Гоце Седлоски.

По мечот селекторот ги сумираше впечатоците…

„Мислев дека Станковски и Херера ќе ја оправдаат довербата, но сепак не беше така и затоа ги променив. Тешко е да се каже нешто по ваков порз, но не застанувам тука. Шкотска е квалитетна на дуел игра и центаршути. Влеговме во паника во која Шкотска тотално ја презеде иницијативата. Последните 15 минути мислам дека изигравме на ниво. Во глобала тежок пораз, ме боли, но тоа е што е. Единствено може да се носиме со Словенија, со другите тешко е“, изјави Седлоски. 

Се вчитува...