Седлоски за репрезентацијата: Не му простувам на никого, се знае како треба да се однесуваш кога играш за Македонија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Гоце Седлоски го објави списокот на фудбалери за последните два натпревари кои „црвено-жолтите“ ќе ги одиграат во Б сегментот Лигата на нации каде за противници ќе ги имаме Шкотска и Словенија.

Прво на 13. ноември ќе и гостуваме на Шкотска, а три дена подоцна ќе го завршиме настапот во Лигата во која за првпат игравме оваа сезона, но во следното издание ќе се вратиме во Ц-сегментот.

„Мора да се промени односот бидејќи кога ќе дојдеш тука мора да знаеш како да се однесуваш и тука сум разочаран од играчите. Доаѓаме тука да се прошетаме и да си заминеме во клубот. Нема веќе на никого да му простувам и се знае како се бориш за државата“, изјави Седлоски.  

Се вчитува...