Седмолигаш го бара Халанд на позајмица: Подобро да игра фудбал, отколку голф

Нисколигашот Аштон Јунајтед, објави дека испратило понуда за позајмица на Ерлинг Халанд додека трае Мундијалот, што потврдија и со офциијално соопштение.

Машината за голови нема да игра на Мундијалот затоа што Норвешка не се пласираше, па така седмолигаш од Англија се сетил на една одлична идеја. Испратиле барање до Сити за 28-дневна позајмица.

„Има смисла. Сити нема да игра, а ние сакаме да помогнеме Ерлинг да остане во форма, што има повеќе смисла отколку да игра голф шест недели. Мислам дека одлично ќе се вклопи во нашиот тим“, објасни тренерот Мајкл Клег.

Ова звучи како да е некоја зафрканција, но од Сити сигурно не би се согласиле да го пуштат Норвежанецот. Но, можеби би им испратиле некој друг фудбалер…

Се вчитува...