Седрик Соареш е решението на Јувентус

Јувентус ја најде замената за Дани Алвеш во Саутемптон. „Старата дама“ испрати понуда од 15 милиони евра за португалскиот репрезентативец, Седрик Соареш, кој може да биде долгорочно решение на десната бековска позиција. 25-годишниот Седрик е мета на неколку големи клубови, покрај Јуве се интересира и Барселона.

Италијанскиот првак се ослободи од услугите на Дани Алвеш, кој во последниве неколку дена им создаде многу проблеми со неговите ставови и изјави, па сега потрагата за негова замена може да трае кратко, но тешко дека Саутемптон ќе ја прифати првата понуда од 15 милиони евра, со оглед на тоа дека претходно одбија 25 милиони од Барселона.  Премиерлигашот води тешки борби да го задржи Седрик, но интересот од гигантите ја прави мисијата невозможна.

Соареш е член на „светците“ од 2015 година, оваа сезона играше клучна улога во дефанзивната линија, а беше дел и од шампионскиот тим на Португалија на минатогодишното Европско првенство.

Се вчитува...