Македонската репрезентација во скијање од денеска се комплетира во Сент Мориц каде наредниве денови ги очекуваат натпреварите на Светското првенство во алпско скијање.
Македонија во Сент Мориц ќе ја претставуваат седум скијачи, шест во машка и една во женска конкуренција. Антонио Ристевски (слалом и велеслалом), Лука Божиновски (слалом и велеслалом), Дардан Дехари (слалом), Воислав Синадиновски (слалом), Марјан Нашоку (велеслалом) и Виктор Петров (велеслалом) во машка конкуренција, како и единствената девојка, Лидија Симјановска, која ќе настапи во слалом и велеслалом се македонските репрезентативци кои од 16. до 19. февруари ќе се натпреваруваат во швајцарскиот ски центар.
Натпреварите во слалом и во велеслалом се закажани во четири дена, од 16. до 19. февруари.
Сент Мориц по петти пат е организатор на СП. Претходно беше домаќин во 1934, 1948, 1974 и 2003 година. На Светското првенство во алпско скијање ќе настапат вкупно 589 скијачи од 76 земји.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА