„Седумката“ е зафатена, кој број ќе го носи Роналдо во Јунајтед?

Кристијано Роналдо го комплетираше сензационалниот трансфер во Манчестер Јунајтед, но јасно е дека “CR7” нема да може да го носи бројот на дрес што го носеше во текот на целата кариера. „Седумката“ во Јунајтед е во сопственост на Единсон Кавани и тој веќе е регистриран во Премиер-лигата како играч со тој број на дрес, а тешко е да се поверува дека „црвените ѓаволи“ во следните четири дена ќе го продадат Кавани за да го ослободат тој број за Кристијано.

Португалецот при првото доаѓање на „Олд Трафорд“ побарал да го носи бројот 28 со кој настапувал во Спортинг Лисабон. Сепак, се премисли по инсистирањето на Сер Алекс Фергусон, кој во Критијано препозна идна фудбалска ѕвезда и го натера да ја земе „седумката“ што претходно им припаѓаше на Дејвид Бекам и на Ерик Кантона.

Интересно е што дресот со број 28 ќе е ослободи бидејќи Факундо Палестри ќе замине на позајмица во Алавес, па можно е Роналдо да се врати на бројката од самиот почеток на својата кариера.

Моментно, слободни во Манчестер Јунајтед се броевите 12, 15, 24, 30, 31, 33, 35, 40 и сите броеви над четириесетката.

Се вчитува...