Сега е дефинитивно: Ориџи оди во Милан

Белгискиот фудбалски интернационалец, Дивок Ориџи ќе го напушти Ливерпул на крајот на сезоната, откако му истекува договорот со клубот од „Енфилд роуд“. Ориџи ќе се пресели на „Сан сиро“ каде ќе ги брани боите на Милан, пренесуваат британските медиуми.

Тој веќе ги договорил личните услови со „росонерите“, а потпис на договорот со италијанскиот клуб ќе стави на крајот на сезоната. Лекарските прегледи се закажани за веднаш по финалето од Лигата на шампионите.

Ливерпул има историска шанса да ги освои сите трофеи во тековната сезона, откако славеше во двата купа, а го очекува и последното коло во Премиер-лигата, како и финалето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Дивок Ориџи во Ливерпул дојде во 2014 година од редовите на Лил. За тимот од „Енфилд роуд“ запиша 107 настапи на кои постигна 22 гола.

Се вчитува...